• +389 070 390 644

Почетна

НАДВОРЕШНИ ВРАТИ
ВНАТРЕШНИ ВРАТИ
ПРОЗОРИ
СИГУРНОСНИ ВРАТИ
35

НИПРОМ е компанија која се занимава со производство на столарија изработена од високо квалитетно дрво. Нашата основна дејност е производство и трговија со високо  квалитетни собни врати од медијапан обложен со природен фурнир и таблени врати од масивно дрво, како и надворешна масивна столарија – врати и прозорци. На македонскиот пазар сме повеќе од 35 успешни години почнувајќи од далечната 1987ма.

Во љубов со природата или со поглед вперен кон новото, модерното…!?

Едноставноста и сензитивниот вкус се отслик на човековите мисли и замисли, желбите да се открие нешто ново, да се доживее цела една уметност преку изострениот вкус на човечкото око кое од своето топло катче сака да направи магично место кое ќе раскажува приказна за убавото…

Низ страниците на ентериерните списанија, низ литературата за естетиката на убаво уредениот дом, секојдневно талкаат безброј вљубеници по своите топли катчиња. Низ изострените погледи секојдневно се втурнуваат безброј материјали: дрво, пластика, пвц, камен… Кое парче од нив да се вметне на уметничкото животно дело – свој дом. Статии, теории, факти и многу размислувања…Но, некако на сите, се чини, погледот им запира ко здивот кон магичното дрвено катче, сите со погледот запираат кон магијата на природната и вистинска идила. Или така изгледа, затоа што скоро секој човек е вљубеник во дрвените површини…!?

 

 

Луѓето го сакаат дрвото, неговиот природен изглед. Сонуваат за свое катче полно љубов и топлина: дрвена куќа со дрвен под, со дрвени врати, дрво на ѕидовите како украс, мебел рустичен со шепот на некоја дамнешна приказна, а прозорците – дрвени, затоа што дрвените прозорци се посебно убави, елегантни, природни, топли за поглед, но и добри за ефикасност на темературната одржливост во домот. Ја задржуваат топлината во домот, го пуштаат сонцето да се втурне во домот, но не и жештината, трајни се и не ја менуваат својата форма како резултат на климатските промени, надворешната влажност и топлина не ја уништуваат конструкцијата.

Дрвените прозорци се прв и прав избор на искусните дизајнери на ентериерното уредување. Тие претставуваат спој на природното, рустикалното, модерното и урбаното. Можноста за бојадисување, освен што го продолжува нивниот век на траење, исто така ги вклопува во различни амбиенти и стилови.

Бесконкурентна е споредбата на дрвените прозорци со пвц прозорците и со алуминиумските, оти квалитативно неспоредливи се. Напразни се убедувањата во лесната одржливост и во изолативната моќ на пвц и алуминиумските прозорци, затоа што дрвените си имаат: и изолациска моќ и природна убавина и магична естетика. И по неколку прелистувања на најрзлични ентериерни списанија, сепак низ мислите, со посебна милноина се уредува куќата од соништата:
-дрвена куќа, со дрвени врати, со дрвен под, дрвени украси по ѕидовите и се разбира – дрвени прозорци, затоа што се спој на квалитет, економичност, естетика и магична убавина…

Делото на природата е секогаш најубавото парче мебел во домот…!

0
+ ВРАБОТЕНИ
0
+ ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ
0
ИЗЛОЖБЕНИ САЛОНИ
0
+ МОНТИРАНИ ВРАТИ

Дел од нашите најпродавани модели

Рекоа за нас

Професионална услуга, квалитетни производи по супер цена! Навремено монтирање на вратите!
Марија Косакова
клеинт
Производите од Нипром се за три класи поквалитетни од сите други компании! Нема да згрешите!
Кирил Стојковски
клиент
Фантастична компанија! Монтерите се вистински професионалци, а најбитно од се вратите ги добивме навреме!
Стојан Мирчески
клиент

Нашата Локација